ПМС-от ги менува гените

Image of a woman siiting curled up on the ground

Наскоро предменструалниот синдром ќе може ефикасно да се третира, бидејќи научниците дојдоа до сознание како хормоналните промени влијаат на гените во текот на месечниот циклус.

До 80% од жените страдаат од депресија и анксиозност пред месечниот период, а тоа се препишува на промената на расположението кое настанува како резултат на хемиската нерамнотежа во мозокот. Кај некои жени оваа состојба е толку сериозна што тие мораат да земаат антидепресиви, а некои страдаат од главоболки, замор и болки во мускулите.

Научниците откриле како хормоналните промени пред циклусот, радикално ја менуваат функцијата на гените. Некои гени кои по правило треба да се активни, ја намалуваат нивната работа, додека други кои треба да мируваат стануваат енергични.

Американските научници од Националниот институт за здравство, сметаат дека ова е важно откритие, бидејќи за прв пат докажале дека жените не страдаат само од промени на расположението, туку целиот нивен систем е надвор од рамнотежа.

“Ова е големо откритие кога станува збор за здравјето на жените, бидејќи докажавме дека жените не страдаат од емоционално пореметување кое можат самите да го контролираат. Тука станува збор за телесен молекуларен одговор на хормоните“, вели Д-р. Дејвид Голдман.

Научниците веруваат дека жените кои страдаат од тежок ПМС се генетски почувствителни на хормоналните промени кои се случуваат за време на менструалниот циклус. Тие споредувале бели крвни зрнца од жени кои страдаат од тежок ПМС со зрнца од жени кои немаат никакви симптоми. Белите крвни зрнца во себе содржат исти гени како и ќелии во мозокот, па со нивно проучување, научниците имаат увид за она што се случува во мозокот.

Тие забележале дека гените „ESC / Е (Z)“ се однесуваат чудно кога се зголемува количината на естроген. Естрогенот ја зголемувал активноста на гените кај жените кои немале никакви симптоми од ПМС-от, додека кај остатокот од жените се случувал спротивен ефект.

“Сфативме дека ПМС настанува поради нарушување во клеточните реакции на естрогенот и прогестеронот. Што повеќе знаеме за улогата на овие комплексни гени, подобро ќе можеме да ја лекуваме промената на расположението“, вели Др. Петар Шмит.

Поддржете ја нашата работа: