По 50 години теоретизирање физичарите докажаа дека ексцитониумот постои

Ексцитониумот е составен од честички кои се наречени ексцитони, составени од избегнати електрони и празнини. Зборот ексцитониум е воведен од страна на теоретскиот физичар Берт Халперин од Универзитетот „Харвард“ во 1960та година, од кога физичарите се обидуваат да го докажат неговото постоење.

Како што пишува Daily mail, научниците велат дека го набљудувале овој вид на материја и нејзината фаза на прекурзори, за која тврдат дека е непобитен доказ за постоењето на материјата.

Кога електронот отскокнува, позади себе остава празнина која се однесува како честичка затоа што има позитивен полнеж. Заради тоа, почнува да привлекува други електрони, спарувајќи ги во композитни честички, познати како бозони или ексцитони.

Во новите експерименти, тимот од научници од Универзитетот во Илиноис ги проучувал кристалите без примеси во преодниот метал дихалкогенид титаниум диселенеид (1T- TiSe2).


За научниците да пронајдат нов облик на материја, развиле нова техника наречена „М-ЕЕЛС спектроскопија“, која е почувствителна на ексцитација од другите научни методи. Спектрометарот, поврзан со гониометар прецизно го мери моментот на импулс на електронот, при што научниците за прв пат успеале да ја измерат ексцитацијата на честичките.

Исто така забележана е и фазата на мек плазмон до која се доаѓа кога материјата ќе се приближи кон критичната температура.

“Ова е резултат од космичка важност“, вели професорот по физика Питер Абамонте.

Научниците се сигурни дека ова откритие ќе даде одговор на многу нерешени мистерии од областа на квантната физика.

Поддржете ја нашата работа: