Поглед кон иднината: Вака ќе изгледаме после 30 години

Предвидувањето на иднината е голем предизвик, но кога се зборува за технолошкиот напредок и очекуваните иновации, експертите од DARPA, агенцијата за напредни истражувања, веројатно можат најдобро да го отсликаат светот, и како тој ќе изгледа за 30 години, а според нив, тоа ќе биде место, кое за нас е тешко препознатливо.

DARPA е Пентагонска агенција која е одговорна за голем број на иновации во роботиката, развојот на интернетот, навигацијате, оружјето, а всушност роботиката и вештачката интелигенција со развојот ќе го менува целиот спектар на индустрии.

Беспилотните летала ќе ја продолжат својата голема транзиција кон цивилниот пазар, додека само-возечките автомобили ќе бидат потребни за секојдневна употреба.

Овие работи, можеме да ги очекуваме и од она што моментално го гледаме. Научниците од DARPA ја замислуваат иднината во која ќе дојдеме до момент кога ќе можеме да ки контролираме работите со помош на мисли.

– Замислете свет во кој можете да ги користите своите мисли за да управувате со домот или да комуницирате со пријателите, вели невро-научникот Џастин Санчез од оваа агенција, кој и сега работи на ова подрачје, а некои од примерите за напредок на истото подрачје се имплантите со кои се може да се котролираат протези со помош на мисли.

Геологот Стефани Томпкинс, говорела за тоа, како во иднина ќе можеме да градиме куќи и згради кои се многу силни, а во исто време и екстремно лесни. Во видеото на DARPA, таа објаснува како го замислува светот во кој за 30 години нема да можеме да ги препознаеме материјалите кои не опкружуваат.

Поранешниот астронаут Пам Мелрој, говореше и за промена во односот со роботите па така мисли дека ќе дојдеме до време во кое ќе можеме едноставно да разговараме со роботи. Таа исто така замислува дека во иднина слетувањето на авионите ќе биде многу поедноставно, или можеби нема ни да треба пилот во него, се вели во еден напис од списанието Business Insider.

Поддржете ја нашата работа: