Погледнете го овој редок природен феномен на кружен диск од мраз

Локалните луѓе од Мичиген забележале редок природен феномен кој се случувал во реката „Pine“ минатата недела, кој изгледа толку совршено како некој да го врежал со машина за сечење на мраз.

Овој кружен диск од мраз, кој се вртел бавно надесно неколку часа, е навистина убав пример за чудната формација која привремено се појавува на врвот на замрзнато езеро како што се топи.

Снимката е направена од Џејсон Робинсон од мостот на патот „Schmied“ над реката „Pine“ во градот „Vestaburg“.

Зачудувачки, иако може да видите навистина импресивни снимки од други дискови од топење на мразот на „YouTube“, научниците дури неодамна објасниле што всушност се случува тука.

Повеќе од еден век научниците ја истражуваат физиката во основа на овој феномен. Најчестите објаснувања за овие дискови од мраз кои се вртат е дека, кога ладниот густ воздух доаѓа во контакт со струите на реката – кружни движења на водата кои формираат мал природен вител – се формира круг кој постојано се врти.

Но, ова е само еден дел од приказната, бидејќи дисковите на мраз предизвикани од топењето може да бидат насекаде од 1 до 200 метри, и законите на физиката ќе предизвикаат тие да се однесуваат различно, во зависност од големината.

Како што Брендон Кол објаснува: „Доколку струите се единствените виновници, малите дискови ќе се вртат побрзо од големите, што не е она што се случува бидејќи сите дискови ротираат прилично исто. Исто така, би очекувале дека во мирна вода, каде што нема струење дисковите не би се вртеле, но тие го прават тоа“.

Затоа, еден тим предводен од Стефан Дорболо од Универзитетот во Лиеж во Белгија одлучиле да ја истражат оваа ситуација.

Тимот користел стимулација за да ја создаде истата ситуација што се случува во реката. Зачудувачки, мразот почнал да ротира и без тимот да додаде некакво струење на моделот. Па, се тоа се сведува на некои својства на самата вода, а не на струењата кои се формираат во течението на една река.

Како што објаснува Рајан Ф.Манделбаум за „Gizmodo“, водата е во својата најгуста состојба на точно 4 степени Целзиусови,и тоа е важно.

„Во нивните експерименти, научниците го мереле текот на водата под мразот и откриле дека дискот од мраз ја лади водата околу него. Кога водата која го обиколува ќе дојде до точката од 4 степени, тогаш мразот потонува и формира вител. Овој вител на вода го движи и мразот горе на врвот“- објаснува Манделбаум.

Иако со ова конечно се објаснува зошто дискот се врти, не се објаснува неговата совршена форма на круг.

Тоа би можело да биде дека парчиња на мраз се собираат од страна на вителот и се додаваат на дискот за да се формира обликот на круг, или пак тој облик се развива постепено,како што дискот се израмнува после стотици илјадници ротации.

Погледнете уште еден подолу.

Поддржете ја нашата работа: