Погледнете како изгледа Европа од Меѓународната вселенска станица (видео)

Сега сите можат да ја видат Европа како што ја гледаат астронаутите од Меѓународната вселенска станица.

На видео снимката направена со 4K ултра HD камера се гледа кристално чист поглед на Европа, почнувајќи од Шпанија, па се движи кон исток до Унгарија. За времето колку што трае снимката – нешто повеќе од три минути, МВС пропатувала скоро 1.600 километри.

Меѓународната вселенска станица орбитира на околу 400 километри над Земјата и е опремена со неколку камери со кои го снима погледот кон планетата. Патува со брзина од околу 28.000 км / ч и поминува еден круг за 92 минути, но погледот не е секогаш ист, бидејќи патеката на станицата по малку се поместува со секоја орбита.

Снимката е направена од страна на Вселенскиот центар Џонсон на НАСА во август 2016 година, а беше објавена минатиот понеделник. Музиката во позадина е дело на шведскиот композитор Јоаким Каруд.

Извор: „Space.com“

Поддржете ја нашата работа: