Погледнете како изгледа најдобро сочуваниот фосил од диносаурус на светот (видео)

Во Тиреловиот кралски палеонтолошки музеј во Драмхелер во Канада изложен е совршено сочуван примерок од диносаурус.

Фосилот е откриен случајно во 2011 година од еден рудар за време на ископување во рудникот Милениум во Алберта.

Истражувањата покажале дека се работи за приемрок на новооткриениот вид на нодосаур.

Според извештајот од музејот фосилот е толку добро сочуван што наликува на скулптура Истрежувачите од музејот наведуваат дека на се работи само за пронајден скелет, туку за цело тело на диносаурус, со кожа, што претставува исклучителна реткост. Тие работеле шест години на негово целосно откивање од 1.100 -те килограми карпи со кои бил обложен.

Овој вид диносауроси постоел во периодот  Креда, пред 110 до 112 милиони години. Достигале должина до 5 метри и тежеле околу 1.300 килограми. На рамената имале шилци со големина од околу 30 сантиметри, а научниците веруваат дека се хранеле со растенија.

Поддржете ја нашата работа: