Погледнете како кит спасува жена од ајкула

Биологот Нан Хаусер успеала да сними неверојатен момент додека нуркала со тим истражувачи. Во видеото може да се види како неа ја спасува огромен кит од ајкулата која се приближува.

Нан (63) вели дека китот ја засолнил под неговата пекторална перка и за момент ја подигнал од водата. Таа верува дека не постои друг видео запис кој ја доловува интуитивната природа на китотовите и истата ја споредува со интуицијата на пожарникарите.

Поддржете ја нашата работа: