Помогнете ѝ на НАСА во потрагата по Планета девет

НАСА ја повикува јавност да се вклучи во потрага по т.н. „Планета девет“ и можни други неоткриени светови на работ на нашиот Сончев систем и во соседните меѓуѕведени простори.

Преку проектот наречен „Backyard Worlds: Planet 9“, на сите вљубеници во науката им се овозможува да се вклучат во потрагата преку гледање на кратки филмови направени од снимките на  мисијата „WISE“ (Wide-field Infrared Survey).

Помеѓу 2010 и 2011 година, со мисијата „WISE“ беше направено најсеопфатно скенирање на небото. Мисијата повторно беше активирана во 2013 година, со цел да и помогне на НАСА да ги идентификува потенцијално опасните тела во близина на Земјата, како комети и астероиди. Мисијата беше преименувана во „NEOWISE“ (Near-Earth Object Wide-field Infrared Survey Explorer).

„Растојанието помеѓу Нептун и најблиската ѕвезда Проксима кентаури изнесува само нешто повеќе од четири светлосни години и многу од ова огромно прострнство е неистражено. Бидејќи има многу малку сончева светлина, дури и најголемите тела во тој дел едвај можат да се видат. Но со инфрацрвениот телескоп, снимени се тела кои инаку би се пропуштиле“–  објаснува астрофизичаот Марк Качнер од Годард центарот за вселенски летови на НАСА во Мериленд.

Во 2016 година астрономите од Калтек во Пасадена Калифорнија покажаа дека неколку соларни тела покажуваат орбитални карактеристики кои укажуваат дека се под влијание на гравтацијата на некоја, досега непозната планета, што научниците ја нарекоа „Планета девет“. Доколку Планета девет, позната уште и како  „Планета X“ навистина постои, таа би можела да се покаже на снимките од „WISE“.

Преку оваа потрага може да се откријат и поодалечени тела, како што се кафеавите џуџиња, во соседниот меѓуѕвезден простор.

За разлика од подалечните тела, оние што се поблиску до Сончевиот систем се движат на небото со различна брзина.Најдобар начин да се откријат е преку систематска потрага по телата што се движат на сликите од   „WISE“. Иако дел од потрагата  да се врши комјутерски, машините често можат да бидт попречени од многубројните артефакти, собено во густите делови од небото.

Проектот „Backyard Worlds: Planet 9“ се потпира на човечкото око, бидејќи ние полесно ги препознаваме важните објектите што се движат, а ги игнорираме артефактите.

На сликата подолу може да се види претходно познато кафеаво џуџе, како портокалова точка што се движи во горниот лев дел од сликата. На ваков тип на слика учесниците ќе треба да бараат тела што се движат.

backyardworldsflipbook3

За сите вљубеници во науката, повеќе информации за „Backyard Worlds: Planet 9“ тука.

Поддржете ја нашата работа: