Популарното езеро Тахо со неверојатно сина боја

Езерото Тахо се протега по должината на границата на Калифорнија со Невада и е второто најдлабоко езеро во САД. Познато е по својата неверојатно сина боја.

Но, како ја добило таа спектакуларна темно сина боја? Долго време научниците сметале дека тоа се должи на невообичаената чиста вода, но новото истражување сугерира дека причината за тоа се алгите кои живеат во езерото.

summerД-р Шохај Ватанабе од Универзитетот во Калифорнија, Дејвис го предводел ова истражување при што го мерел синилото на езерото и потоа го комбинирал со мерењата на т.н. „длабочина Secchi“, односно длабочината на која бел диск останува видлив кога е потопен во вода. Открил дека колку е помала чистотата, толку водата е посина, што укажува на тоа дека тие зависат од различни фактори. Чистотата зависи од седиментите, а синилото од алгите. Езерото всушност било најсино кога концентрацијата на алги била најмала.

690x380-Lake-Tahoe-Summer-Emerald-BayОва откритие укажува на потребата за промена на напорите за зачувување, кои се фокусирани на контролата на седиментите за да ја зачуваат водата чиста. Истражувањето е објавено во „Tahoe: The State Of The Lake Report 2015“.

Поддржете ја нашата работа: