Поради екстремни климатски услови гуштерите еволуирале во рок од неколку месеци

Сосема случајно, научниците имале прилика да ги проследат гуштерите како се развиваат во рок од само неколку месеци.

Тие откриле како група од зелени гуштери кои живеат во јужен Тексас, еволуирале со цел да ги преживеат ниските температури по драматичниот нивен пад во истата област во 2014та година. Научницие дури и успеале да ги следат промените во нивните гени.

Успешното набљудување и следење на брзата еволуција всушност е резултат на среќа. Бидејќи е тешко да се предвидат екстремните временски услови, тешко е и да се проучи како животните се прилагодуваат на нив. Сепак едни научници веќе проучувале како зелените гуштери реагираат на студени услови, кога одненадеш доаѓа до големо заладување.

Авторите на студијата најпрво следеле како гуштерите можат да функционираат кога температурите ќе паднат на 6°C. Неколку години ги тестирале реакциите на гуштерите на таква температура, и успеале да идентификуваат разлики во генетската активност помеѓу делот на популацијата од северниот дел на нивното живеалиште, каде температурата не паѓала под 11°C.

Поради тоа, научниците биле спремни на зимските бури кои го погодиле Тексас, и можеле да го следат одговорот на зелените гуштери на висок степен на студ. Откриле дека преживеале гуштерите од југот кои претходно не можеле да преживеат на температури под 11°C, а сега успеваат да преживеат и на температури од само 6°C, како оние од студениот север.

Кога научниците ги проучиле гените на зелените гуштери, откриле дека таа промена се одразува и во нивната ДНК.

Поддржете ја нашата работа: