Поради пукнатини на мразот се затвора Британската база на Антарктикот

СПОДЕЛИ

Британската истражувачка база на Антарктикот повторно се затвора на крајот на летото на јужната хемисфера заради пукнатини во мразот.

Станицата Хели лежи на плутачкиот леден гребен Брунт, кој е расечен со две големи пукнатини,а персоналот од Хели веќе е повлечен оваа зима заради стравување од ширење на пукнатините.

По спроведеното истражување, одлучено е тоа повторно да биде направено како што летната сезона се приближува кон крајот.

“Ние сме сведоци на силата и непредвидливоста на природата”, вели директорот на БАС, проф. Дејм Џејн Франсис.

“Безбедноста на персоналот е на прво место. Бидејќи пристапот со брод или авион во текот на зимските месеци е тежок поради 24-часовната темнина, екстремно ниските температури и замрзнатото море, повторно ќе превземеме мерки на претпазливост и ќе ја затвориме станицата пред почетокот на зимската сезона 2018та”, додава тој.

Велика Британија на гребенот Брунт е присутна од 1956 година. Покрај истражувачката база Ротера, Хели е главно место за британските активности на Белиот континент.

Научниците таму собираат важни податоци за климата и времето, а станицата одиграла клучна улога во истражувањето во кое во 1985 година беше откриена дупка во озонската обвивка, но, операциите отсекогаш биле отежнати заради нејзината позиција на мобилната ледена платформа, која е дебела 158 метри.

Дискусија

Коментари