Поради стрес почнуваме да ја губиме меморијата

Долготрајниот стрес може да доведе до мозочно воспаление и губење на меморијата, -пишува во една статија објавена во списанието Journal of Neuroscience. Професор Годбоут од државниот Универзитет во Охајо, вели дека воспалението на мозокот предизвикано од имунолошкиот систем делува на помнењето, и отвора нови можности за целниот ефект на лековите на имунолошкиот систем.

Проучувајќи глувци, изложени на постојана агресија, научниците установиле дека животните не можеле да се сетат на локацијата, каде е дупката во која можат да побегнат. Ефектот се појавил после зачестените посети на доминантниот алфа глушец, кој ги малтретирал.

Поради ова научниците дошле до заклучок дека само една стресна ситуација не води до губиток на меморијата, за разлика од често повторуваните ситуации.

Крив е хроничниот стрес, и не само една стресна ситуација, разговор или состанок. Глувците под стрес, имале промени во мозокот, вклучувајќи воспаление кое било предизвикано од нивниот сопствен имунолошки систем.

Краткорочното губење на меморијата предизвикано од воспаление на мозокот е резултат на појава на имунолошки клетки макрофаги. Глувците кои имале проблем со губење на меморијата, и избегнувале социјален контакт 4 недели, покажале знаци на депресивно однесување.

Кога глувците добиле анти-инфламаторни лекови, симптомите на депресија не се повлекле, иако макрофагите исчезнале. Истражувањето заклучува дека симптомите од губење на меморијата, се директно поврзани со воспаление, а не со оштетување на мозокот. Добра вест е дека глувците целосно се опоравиле за 28 дена откако биле подложени на третман.

 

Поддржете ја нашата работа: