Поранешен работник во фабрика сега е ангажиран како DJ. Не е човек, робот е!

Вештачката интелигенција толку напредуваше, што дури и роботите можат да избираат со што ќе се занимаваат во животот.

Имено, ноќниот клуб „Karlovy Lazne“ во Прага вработил робот, инаку поранешен работник во автомобилската индустрија, кој сега станал ди-џеј.

Има две големи раце во форма на клешти и пуштаат музика заедно со човек ди-џеј, со кој во последните три недели работи на смени.

„Луѓето се возбудени бидејќи никогаш ништо слично немаат видено во Европа, а не сум сигурен ни колку тоа постои во светот“, вели менаџерот на клубот Адам Липсански.

Роботот ди џеј е создаден откако раководството на диско клубот беше предизвикано од страна на компанијата за роботи да ја изврши таа задача.

Опремен е со софтвер кој му помага да избере песни и е поставен на бината, подиумот за играње каде бира плочи и ги става на еден од трите грамофони пред себе. Способен е и да танцува.

Некои посетители на клубот велат дека уживаат во настапот на роботот, а некои не.

„Не ми се допаѓа роботот. Тој не може да почувствува на која музика луѓето сакаат да играат. Нема емоции на музиката. Кога на пултот се наоѓа вистинска личност, тогаш доживуваме вистинска забава“, вели една туристка од Мексико.

Поддржете ја нашата работа: