Постоечкиот лек за артритис може да е ефикасен против леукемија

Научниците од Универзитетот во Шефилд велат дека ракот на крвта, во кој спаѓаат леукемија, лимфом и миелом, може да се лекува со Метотрексат – лек кој вообичаено се кристи за артритис.

Овој лек кој има антивоспалително дејство го користат милиони луѓе во светот кои страдаат од ревматоиден артрит. Сега експертите сетаат дека Метотрексат може да се користи и за лекување на Polycythemia Vera и слични видови на рак на крвта.

Кај болните од полицитемија коскената срж продуцира многу црвени крвни зрнца, поради што крвта станува премногу густа.

Експериментите спроведени на глувци покажале дека овој лек може да ја врати состојбата во нормала и да го спечи отекувњето на слезенката што е еден од  знаците на болеста.

Само во Велика Британија, над 3.000 лица годишно се дијагностицира полицитемија вера и слични крвни заболувња, познати под заедничко име миелопролиферативни неоплазми. Во голем број од случаите, полицитемијата проградира во леукемија. Се манифестира со чешање, главоболки, губење на тежина, ноќно потење. Со постоечките лекови не се успорува прогресијата на болеста, само се ублажуваат симптомите.

Истражувачите од Универзтетот во Шефилд откриле дека лекот метотрексат ги уништува хемикалиите  кои ги поттикнуваат разните форми на рак на крвта.

Доктор Мартин Зидлер вели дека иницијалните тестирања направени на клеточни модели покажале дека метотрексатот директно делува на молелулите кои се одговорни за појава на болеста.

Целсни клинички тестирања ќе започнат идната година.

Истражувањето е објавено во  списанието „ Haematologica“.

Поддржете ја нашата работа: