Поврзаност помеѓу раниот развој на градите и карцином

Раниот развој на градите кај девојките може да биде поврзан со одредени заболувања подоцна во животот, За жал, постои поврзаност со настапување на раниот пубертет и последователно зголемување на ризикот од дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и рак. Особено рак на дојка.

Девојките, кај кои растот на градите започнува пред десетата година, имаат 20% поголем ризик од рак на дојка подоцна во животот од девојките кај кои градите се развиваат после единаесеттата година.

Научниците досега немале целосно разбирање за процесите на раниот развој кај девојките, но постои ново откритие на Универзитетот од Глазгов кое може да помогне во решавање на дел од оваа мистерија, а со тоа индиректно во подобрување на здравјето.

Вообичаено за девојките е градите да им растат околу 10-11 години, но и кога развојот започнува порано, тоа се смета за нормално и безопасно. Сеедно, ретко се размислува за подоцнежните можни ризици од некои болести, но и на можните психолошки и физички идни проблеми.

Она што е забележано како поврзаност со раниот развој е чувството на срам кај девојките. Раниот развој е поврзан и со раната сексуална активност, депресија и нарушување во исхраната. Исто така, за таквите деца е карактеристично да бидат повисоки од своите врсници, но да останат пониски подоцна кога ќе пораснат.

Лошата вест е тоа што во последно време пубертетот започнува се порано и порано. Дебелината кај девојките се појавува како фактор на разјаснување на таквата состојба, бидејќи е познато дека тоа го подигнува нивот на хормони, но тоа сепак не дава објаснување за разликите во развојот кај одвоените етнички групи. Покрај храната, се повеќе сме изложени на разни хемикалиите од животната околина.

Тоа што откриле во Глазгов е дека молекулата наречена АЦКР2 игра важна улога во процесот на развој на градите. Имено, АЦКР2 го спречува појавувањето на макрофаги во дојката, се додека женското лице не стане доволно возрасна за тоа, што всушност и го спречува прераниот развој на дојките. Откриено е дека глувците кои немаат АЦКР2 молекули навлегуваат порано во пубертет.

Лекарите денес, фармаколошки единствено го забавуваат пубертетот кај децата доколку започне пред 7 годишна возраст и ако е предизвикан од хормонално несогласување. Всушност, тие тоа го прават за да ги забават хормоните на хипофизата.

Сега, кога се знае дека за ран пубертет е клучен молекулот АЦКР2, следен чекор е превземање студии со човечки пациенти. Би требало кај девојките со ниско ниво на АЦКР2 молекули, да се проучи, дали кај нив ќе започне ран развој на градите и пубертет. Ако тоа успее, можеби во иднина ќе бидеме во можност да ја откриваме можноста од ран пубертет уште во најрана возраст, со мерење на нивото на АЦКР2 и евентуална фармаколошка посветеност

Можеби подоцна тоа ќе ја намали изложеноста и зголемениот ризик од наброените заболувања. Во секој случај, откритието е вредно, а експертите ќе проценат што оттука дополнително ќе истражуваат.

Поддржете ја нашата работа: