Повторно детектирани радиоактивни честички од непознато потекло

СПОДЕЛИ

Експертите сеуште се борат за да ја откријат причината за појавата на мистериозните честички кои случајно се појавија низ цела Европа.

Имено, од неколку мерни станици во Европа е забележан мал пораст на зрачење, вклучувајќи шест станици во Германија.

Ruthenium-106 се користи во медицината за тумори помали од 7мм, како и за снабдување на сателитите со електрична енергија, а според податоците на Германската Федерална канцеларија за заштита од радијација, траги од овој радиоактивен изотоп биле пронајдени во покачени, но не штетни количини во Германија, Италија, Австрија, Швајцарија и Франција помеѓу 29 септември и 3 октомври.

Сè уште е мистерија што точно го предизвика ова зголемување на зрачењето, но портпаролот на Канцеларијата може да потврди дека првично се појавило во Источна Европа. Иако не успеале да ја одредат точната локација, тие мислат дека станува збор за јужна Русија.

“Она што можам со сигурност да го исфрлам е можноста, причината да е предизвикана можна несреќа во нуклеарна централа. Ако е така, тогаш ruthenium-106 нема да биде единствениот радиоактивен елемент чие количество се зголемило” – вели тој.

Нешто многу слично се случи во јануари и февруари оваа година, но тогаш стануваше збор за радиоактивниот елемент jodine-131. Францускиот институт за радиолошка заштита и нуклеарна безбедност (IRSN) пријави пораст на обемот на овој изотоп ширум Европа, од Шпанија до Финска. И во тој случај, источна Европа се споменуваше како место на потеклото.

Додека на почетокот на годинава се ширеа застрашувачки гласини дека Русија тајно тестира оружје со мала количина на нуклеарен материјал кое резултира со радиоактивно зрачење, реалноста беше значително пообична.

Експертите тогаш објаснуваа дека доколку станувало збор за нуклеарни тестирања, контролните станици ќе детектираа повеќе од само една радиоактивна честичка. Како рутениумот, така и јодот-131 се користат за медицински цели, па зголеменото присуство во атмосферата најверојатно е предизвикано од страна на фармацевтска компанија при производство на радиоактивни фармацевтски препарати.

Дискусија

Коментари