Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот

СПОДЕЛИ
  Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот

Здружението на граѓани “Сојуз на производители на еколошка енергија – BG” (СПЕЕ – BG) од Бугарија, на 1 и 2 декември во Благоевград, ќе ја организира завршната конференција за проектот “Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот” (WasteEDU).

Целта на конференцијата е претставувањето на резултатите од реализацијата на проектот, а воедно да послужи и како платформа за размена на искуства и добри практики во образованието на учениците од основното образование во однос на заштитата на животната средина и намалување на отпадот. На завршната конференција на проектот се очекува да земат учество претставници од образовни институции, невладини организации, локални и регионални власти од Р. Бугарија и Р. Македонија.

Во рамките на конференцијата ќе бидат наградени училиштата – учесници во активностите од проектот, кои ќе добијат опрема за собирање и селектирање на отпад и други образовни и промотивни материјали од спроведувањето на проектот. Покрај тоа, секоја образовна институција ќе добие и сертификат за еколошко одговорно училиште.

Проектот „WasteEDU“ е заедничка иницијатива на СПЕЕ – BG и “Центар за климатски промени – Гевгелија” од Република Македонија, која се реализира со поддршка на Европската унија во рамките на ИПА за прекугранична соработка на Р. Македонија и Р. Бугарија и има за цел да ја подигне свеста и знаењето на младите за заштита на животната средина, преку активното учество во активности за управување со отпад, негово намалување и рециклирање.

Подетални информации за проектот и за тековните активности може да се прочитаат на интернет порталот на проектот www.waste-edu.eu.

Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија

Оваа публикација е остварена со помош на Европската Унија. За содржината на оваа публикација одговорност носи исклучиво ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија и не може во никој случај да го одразува ставот на Европската Унија.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ