Прекумерната употреба на алкохол го нарушува развојот на мозокот кај адолесцентите

423
СПОДЕЛИ

Истражувачите од Универзитетот на источна Финска и Универзитетската болница во Куопио, Финска, извршиле набљудување со помош на магнетна резонанца на мозокот кај луѓе кои конзумирале прекумерна количина на алкохол во текот на адолесценцијата, како и на луѓе кои помалку пиеле, и биле на иста возраст.

Тие учествувале во три студии спроведени во текот на десет години, во 2005, 2010, и во 2015 година. На почетокот на студијата учесниците биле на 13-18 годишна возраст.

Сите учесници биле образовно успешни, но менталните здравствени проблеми во двете глупи се разликувале.

Кај учесниците кои редовно конзумирале алкохол за десет години, дијагностицирано е нарушување во мозокот поради употреба на алкохол.

Магнетната резонанца на мозокот, на пример покажала статистички значајни разлики меѓу двете групи. Меѓу испитаниците кои биле пиеле доста алкохол, обемот на сивата маса значително бил намален во предниот појасен кортекс, исто како и во десната инсула.

“Мозокот созрева во текот на адолесценцијата, посебно фронталните области и цингуларниот кортекс кој се развива околу двесетите години”, вели д-р. Нора Хекинен, автор на студијата.

“Нашите откритија укажуваат на тоа дека силната употреба на алкохол може да го наруши овој процес на созревање”, вели таа.

Цингуларниот кортекс има важна улога во контролата на импулсите и волуметриските промени во оваа област, како и во развојот при употреба на штетни супстанци подоцна во животот.

Структуралните промени во предната инсула, од друга страна можат да одразат намалена чувствителност на негативните субјективни ефекти на алкохолот, и на тој начин да придонесат во развојот на пореметување при користење на штетни супстанци.

“Точниот механизам кој стои позади овие структурални промени не ни е познат. Сепак, се смета дека некои од волуметриските промени може да исчезнат доколку значително се намали внесот на алкохол”, вели Хекинен.

Нодите детално се објавени во списанието „Addiction“.

 

Дискусија

Коментари