Препечениот леб е потенцијален причинител на рак

Лебот и компирите треба да се печат само до златна боја со цел да се намали ризикот од конзумирање на хемикалии кои предизвикуваат рак, пренесуваат научниците.

Акриламидот се создава кога храната со висок процент на скроб, се пече или пржи предолго на високи температури.

Агенцијата за стандардизирање на храната (FSA) препорачува внимателно да се следат упатствата и да се избегнува ваквата храна да добие потемна боја.

Акриламидот е спој кој се наоѓа во многу видови на храна и претставува природен продукт од процесот на загревање.

Највисоко ниво на застапеност од акриламид има во термички обработена храна над 120 степени,како што е лебот, колачите, кафето и слично.

Кога лебот се става на тостер исто така се произведува акриламид. Што е тостот потемен, толку поголема е застапеноста на акриламидот.

Од FSA пак велат дека не се сигурни колкаво ниво на акриламид нашиот организам може да толерира, но јасно е дека луѓето премногу го конзумираат. За да се избегнат дополнителни ризици препорачуваат до пет порции овошје и зеленчук дневно.

Испитувањата на животни покажале дека акриламидот е токсичен за нашата ДНК и предизвикува карцином, така што научниците претпоставуваат дека ова се однесува и на луѓето, но засега немаат конечни докази кои го поткрепуваат нивното мислење.

Доколку ова ве загрижува, најлесното нешто кое можете да го направите е да започнете да водите здрав начин на живот.

Поддржете ја нашата работа: