Прескокнувањето на појадокот може да биде штетно за срцето на мажите

Мажите кои го прескокнуваат појадокот може да се соочат со поголем ризик од срцев удар или смртоносни болести на срцето, велат американските истражувања.

Една студија направена на речиси 27.000 мажи открива дека оние кои не успеале да јадат во утринските часови, имаат 27 отсто поголем ризик од срцев удар или смрт од коронарна срцева болест, за разлика од останатите.

Во анкетата учествувале мажи од 45 до 82 годишна возраст.

Голем процент од оние кои не појадувале биле пушачи, вработени со полно работно време, не биле во брак, биле помалку физички активни или пиеле повеќе алкохол.

“Прескокнувањето на појадокот може да доведе до еден или повеќе фактори на ризик, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес, кои за возврат може да доведат до срцев удар со текот на времето”, вели Лија Кахил, водечки автор на студијата и истражувач од Харвард школата за јавно здравство.

Мажите кои се изјасниле дека појадувале имале тенденција да јадат повеќе пати во текот на денот, што укажува на тоа дека оние кои го прескокнуваат појадокот не можат да ги исполнат барањата од храна на организмот во текот на целиот ден.

“Не го прескокнувајте појадокот”, вели Кахил. “Јадењето наутро е поврзано со намален ризик од срцев удар.”

Поддржете ја нашата работа: