Престанете да ги броите калориите и фокусирајте се на здравата исхрана

Со цел подобро да ја победите дебелината и болестите кои доаѓаат со неа, би требало да престанете да ги броите калориите и наместо тоа да се фокусирате на земање на здрава храна, велат научниците во воведот објавен во списанието Open Heart.

Слично како и со откажувањето од цигари, луѓето кои ќе ја сменат исхраната можат да видат брзо подобрување кај ризикот од срцеви заболувања. Студијата спроведена на 200 пациенти, покажала дека оние кои поминале еден срцев удар, а им се советувало да јадат риба, во помал процент умирале во текот на одреден период, отколку оние кои не постапувале така. Подобрувањето настапува веќе после неколку месеци после неколку месеци земање на здрава исхрана.

Конзумирањето на транс масти, нездрава состојка која е застапена во брзата храна, може да го зголеми нивото на маркерите за крв дури за една недела, тврдат кардиолозите од Frimley Hospital во Лондон. Истражувањето сугерира дека сите калории не се исти. Едно шишенце газиран пијалок која во просек има 150 калории која се пие секојдневно го зголемува ризикот од дијабетес тип II.

Од друга страна, земањето +една рака јаткасти плодови дневно и конзумирањето на маслиново масло – околу 200 калории, го намалува ризикот од срцеви болести и мозочен удар. Ако фокусот од калориите се насочи кон здравата исхрана и нејзиниот квалитет, а не квантитет, за сигурно брзо ќе ослабете.

Промената во исхраната, без оглед на тоа дали тежината се намалила, го намалува ризикот од срцеви болести. Фокусот единствено на намалување на тежината нема да даде резултати на здрава исхрана. Некои експерти не се согласуваат со прекинот на броење калории и тоа го сметаат за претерување.

Kathereine Tallmadge, диететичар, смета дека треба да се води сметка за двете работи, да се сконцентрираме на квалитетот на исхраната и земање на помал број на калории. Tallmage вели дека губитокот на тежината е доста важен чин за лицето да го подобри здравјето бидејќи дебелината е ризик сама по себе. Телесните масти се токсични, а вишокот е поврзан со срцеви болести, карцином, дијабетес, слабеење на имунитетот и слични болести.

 

Поддржете ја нашата работа: