Претседателски премии за научниците на Путин

Премиите изнесуваат 2.5 милиони рубљи (35.000 евра) поединечно и имаат за цел стимулирање на понатамошни истражувања и создавање на подобри услови за нови откритија.

Премијата што ја доделува претседателот на Русија е воведена во 2008 година и е наменета за сите млади истражувачи и научници од Руската федерација за нивниот допринос во развојот на домашната наука, развојот на нова опрема и технологии со што би се зајакнале општествените, економските и безбедносните капацитети на земјата.

Апдејт :

 Сепак шефот на Руската претседателска администрација Г.Сергеј Иванов беше човекот што им ги врачи наградите утрово на шест млади истражувачи ,од кои на тројца во поединечна конкуренција и на тројца како дел од истражувачка група.

Русија не се откажува од науката

Г.Сергеј Иванов во својата изјава за време на церемонијата во Кремљ ги убедуваше присутните дека Руската држава нема да престане со инвестициите во науката и развојот. „ И покрај економските потешкотии, ние нема да се откажеме од развојот, од инвестирањето во иднината, а под тоа се подразбира вложување во луѓето, науката, образованието, во развојот на нови технологии и производствени процеси, во развивање на услови за самореализација на луѓето. Во тоа всушност и се состои нашиот главен одговор на предизвиците со кои е соочена нашата земја.“

Извори ТАСС , www.youngscience.ru

Поддржете ја нашата работа: