Придобивки од викендот поминат во кампување

Додека современиот живот секојдневно ни го одвлекува вниманието, многу од нас тешко заспиваат навечер, а наутро едвај се извлекуваат од кревет.

Научниците од Универзитетот во Колорадо, Болдер, го следеле текот на спиење кај лица кои претежно од работа се одмараат дома и кај лица кои го поминуваат викендот на кампување без вештачко светло, и не само што забележале дека оние кои кампуваат одат порано на спиење, туку и дека кај нив хормонот мелатонин се разликува.

Мелатонинот, познат како N-acetyl-5-methoxy tryptamine, е хормон кој објавува одговор на темнината во текот на ноќта, и прави да се чувствуваме поспано, но проблемот е тоа што многу од нас навечер зјапаат во екрани подолго од било кога до сега, што значи мелатонинот се одразува на нас покасно од нормално, и нашите “телесни часовници” излегуваат од колосек.

Тимот од научници вели дека кампувањето, подалеку од вештачка светлина, дури и по два дена неделно практикување, може да помогне да го решите проблемот со спиењето.

“Касното легнување и времетраење на спиењето во современото општество се поврзани со негативни резултати кои се одразуваат на здравјето, како што се утринската поспаност, намалување на продуктивноста на работната сила, нарушување на расположението, дијабетес, дебелина и слично,” вели водечкиот истражувач Кенет Рајт.

“Нашите наоди покажуваат дека животот во модерна средина придонесува за нарушувања на биоритамот и затоа е добро, без оглед на сезоната барем два дена неделно да се поминат во кампување,” додава тој.

Резултатите од севкупното истражување покажуваат огромна разлика во квалитетот на живот помеѓу луѓето кои викендот го поминуваат под шатор и оние кои уживаат во гледање на филмови. За оние кои мразат да престојуваат на отворено постои друга алтернатива. Студијата исто така покажува дека долготрајните прошетки преку ден еднакво многу можат да направат чуда.

Доколку преку викенд сепак сакате да останете дома и добро се одмориме, пробајте да не го вклучите мониторот. Повеќекратната ваква постапка ќе донесе резултати кои ќе ве изненадат.

Поддржете ја нашата работа: