Пристигна MetaLimbs – роботска направа која ќе ви овозможи уште еден пар раце

Секој од нас се нашол во ситуација кога ќе ни затреба уше еден пар раце, а овој роботски додаток служи токму за тоа. MetaLimbs е сет од роботски раце кој се управува со колената и стапалата, а направен е од страна на јапонски инженери од Инами лабораторијата од Универзитетот во Токио.

Научниците долго време размислувале да дизајнираат вакво решение. Кога ќе го ставите овој пар раце на себе, на колената се ставаат топчиња за следење на положбата и како ги движите рацете, додека на стапалата имате продолжеток кој го управувате со тупаница. На рацете се вградени сензори кои им даваат повратна информација на вашите стапала. Целата направа е дизајнирана да користи додека седите, но при некоја друга задача можете и да стоите.

На видеото погоре ќе ви стане сосема јасно како да научите да управувате со оваа направа. Освен тоа, треба да се внимава при употреба, бидејќи секое вртење на ногата значи вртење и на раката.

Поддржете ја нашата работа: