Пристигнува дрон за собирање на кучешки измет

Многу места во Европа имаат проблем со неодговорни сопственици кои не го собираат изметот по своите домашни миленици од јавните површини. Поради тоа, Гербен Лејверс и Марк Санделовски од Холандската стартап компанијата Тинки го дизајнираа Dogdrone.

Само во Холандија има 1.5 милиони кучиња, а годишно настанува 99 милиони кг. биолошки отпад. Некои сопственици се посовесни па го собираат по своите миленици, но повеќето го оставаат по улиците. Голема опасност за здравјето настанува кога во пролет доаѓа до зголемување на температурите, а во кучешкиот измет се наоѓаат доста бактерии, вруси и паразити кои се посебно опасни ако децата дојдат со нив во контакт.

Доколку изметот не се отстранува, во опасност се и возрасните подеднакво, како и другите кучиња, бидејќи јајцата од паразитот можат да преживеат со години и да доведат до инфекции. Многу граѓани и сопственици кои го собираат изметот по своите миленици се лути на оние кои тоа не го прават, па експертите од компнијата Тинки одлучиле да им помогнат.

Летечкиот дрон (UAV) Watchdog 1 користи топлинска камера со која ја пребарува околината. Меѓутоа оваа технологија има свои ограничувања бидејќи може да го детектира само изметот кој има телесна температура.

На картата се покажува локација и координати па потоа ќе се испраќа Patroldog 1 кој се наоѓа на теренот. Бидејќи самиот не е многу голем и не може да собере голема количина на отпад, од компанијата велат дека работат на изработка на прототип на поголем модел.

Поддржете ја нашата работа: