Пристигнува пакување кое ја менува бојата при расипување на производот

Често се наоѓаме во ситуација да сами одлучуваме дали ќе ја јадеме храната која стои подолго време во фрижидер или не, со тоа што го гледаме рокот на траење или ја пробуваме. За таа цел, Braskem компанијата од Бразил се надева дека решението кое го нуди, ќе го промени таквиот пристап.

Споменатата компанија, во соработка со неколку универзитети од САД и Бразил, изработила посебна амбалажа за храна која содржи pH индикатори, и ќе ја менува бојата на пакувањето доколку храната се расипе.

Освен што наведениот изум може примарно да им помогне на потрошувачите повеќе да не ја купуваат онаа храна на која и е поминат рокот на траење, оваа паметна амбалажа исто така може да ја намали количината на фрлена храна. Статистиките покажуваат дека луѓето годишно фрлаат храна во вредност од милијарди евра и тоа само затоа што декларациите на самите производи се нејасни, или уште полошо – затоа што не ги прочитале.

Кога сме кај тоа, ова не е прв обид на светот, по пат на одредена амбалажа да се предупредуваат купувачите. Пред три години истражувачкиот тим од Универзитетот во Род Ајленд направил амбалажа која ја менува бојата кога производот не е чуван на бараната температура. Се проценува дека заштедите со овој изум ќе бидат огромни.

Компанијата од Бразил почнала да ја развива наведената технологија уште во 2013та година и создала прототип во 2015та година. Компанијата останува уште да направи додатни испитувања за да се осигура дека нејзиниот изум е сигурен и не дава лажни резултати.

Од компанијата препорачуваат дека цената на овој изум ќе биде пристапна со цел да се прошири неговата намена низ целиот свет, како кај производителите, така и кај потрошувачите.

Поддржете ја нашата работа: