Пробијте го „iPhone 7“ и заработете 1.5 милиони долари

СПОДЕЛИ

Ако пронајдете начин како да го пробиете „ iOS 10“, ќе добиете 1,5 милиони долари. Тоа е наградата која ја понуди платформата за купување на експлоити „Zerodium“ за секој кој би можел да ја пробие заштитата на овој систем.

Компанијата понуди награда и минатата година, за „iOS 9“, но тогаш цената изнесуваше само 1 милион долари.

Од компанијата велат дека се решиле за ваков чекор бидејќи со нудењето на голема и привлечна награда всушност се погрижуваат следниот пат кога некој истражувач или некоја компанија ќе сака да купи експлоити, „Zerodium“ да биде едно од првите имиња на кои ќе помислат.

Овој чекор исто така ја рефлектира и реалноста во бизнисот за пробивање на „ iPhone“ телефоните, а тоа дека е се’ потешко тие да се пробијат.

„Зголемувањето на цената се должи на зголемувањето на заштитата“, велат од компанијата.

Се разбира, не постои совршен систем за безбедност. Со оглед на тоа што „Apple“ не може да направи да биде невозможно да се пробие еден „iPhone“, мора да се задоволи со следното најдобро нешто, а тоа е високата награда, со што на некој начин оние кои знаат како да го пробијат системот ќе го чуваат тоа во тајност.

Дури и најдобрата заштита не може да го заштити секој телефон од секој напаѓач. Можеме само да се надеваме дека цената ќе продолжи да расте.

Дискусија

Коментари