Пробиотиците можат да помогнат при депресија

СПОДЕЛИ

Јогуртот може да помогне во борбата против депресија, открива новата студија спроведена на Универзитетот МекМастер, а во неа се вели дека таканаречените добри бактерии можат да ги олеснат симптомите на ментални пореметувања. Кај околу 64 отсто од пациентите со синдром на нервозно дебело црево и со симптоми на депресија, забележано е подобрено здравје после шест недели земање на пробиотици.

Снимките од магнетната резонанца покажуваат дека пациентите кои земале пробиотици имале промени во делот на мозокот кој е поврзан со расположението. Пробиотиците главно ги има во јогуртот и во ферментирана храна како што е киселата зелка.

Авторот на студијата, Д-р. Premyysl Berick вели дека студијата покажала подобрување на состојбата на цревата и психолошките проблеми при конзумирање на одредени пробиотици.

Професорот смета дека ова сознание отвора нови патишта не замо за лечење на синдромот на нервозно дебело црево, туку и за пациенти со примарни психолошки нарушувања.

Резултатите се објавени во списанието Gastroenterology. Бактериите лачат јаглени хидрати кои сигнализираат порака до имунолошкиот состав за да почне да испушта одредени корисни хемиски елементи. Додека ова е ново сознание, една претходна студија потврди дека пробиотиците се добри за нас поради комуникацијата меѓу бактериите и нашиот организам.

Дискусија

Коментари