Произведен првиот проѕирен соларен панел

Сѐ досега, соларните ќелии од овој вид беа само делумно транспарентни и обично малку затемнети, додека новите се толку проѕирни што практично скоро и да не се разликуваат од обичното стакло.

Претходните тврдења околу транспарентните соларни панели се погрешни, со оглед на тоа дека, по самата своја природа, транспаретен материјал значи дека светлината мора да поминува низ него.

Транспарентните фотоволтаични ќелии се практично невозможни, бидејќи соларните панели создаваат енергија преку конвертирање на фотоните во електрони. За да може материјалот да биде потполно транспарентен, светлината низ него би требало непречено да патува до окото, што значи дека овие фотони би требало потполно да поминуваат низ материјалот (без да бидат апсорбирани за да создаваат соларна енергија).

За да се постигнат вистински транспарентни соларни ќелии, истражувачите од Мичиген  создале т.н. транспарентен луминисцентен соларен концентратор (ТЛСЦ), кој користи органски соли за да ја апсорбира брановата должина на светлината што е невидлива за  човечкото око. Надминувањето на основните предизвици при создавањето транспарентни фотоволтаични ќелии им овозможило на научниците да ја соберат и искористат моќта на инфрацрвената и ултравиолетовата светлина.

ТЛСЦ проектира луминисцентен блесок кој содржи конвертирни бранови должини на инфрацрвената светлина која е невидлива за човечкото око. Кај традиционалните (не транспарентни) панели, фотоволтаичните соларни ќелии го опкружуваат панелот од главниот материјал и тие ќелии ја трансформираат собраната инфрацрвена светлина во електрична енергија.

Верзиите на претходните полу-транпарентни соларни ќелии, обично достигнуваат ефикасност од околу седум проценти, но ТЛСЦ системот на истражувачите од Мичиген се очекува да достигне максимална ефикасност од пет проценти, со понатамошните тестирања (моментално ефикасноста на прототипот достигнува еден процент). Иако ефикасноста од седум или пет проценти изгледа ниска, куќи целосно опремени со соларни прозорци или згради од органски материјали можат да ја концентрираат таа енергија и да ја подигнат на повисоко искористливо ниво.

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген веруваат дека ТЛСЦ технологијата може да најде широка примена, од индустријата па до уредите за широка потрошувачка и разните мали гаџети. Нивниот главен приоритет е понатамошен развој на технологијата за да ја зголемат енергетската ефикасност и да се овозможи достапност, за да може соларната енергија да прерасне во главен фактор во областа на обновливата енергија.   

Поддржете ја нашата работа: