Пронајден изгубен град на дното на езеро во Турција

СПОДЕЛИ

Езерото Ван, најголемо во Турција и до сега привлекувало голем број посетители поради легендата која вели дека во неговите длабочини живее митско чудовиште, но сега истражувачите откриле и конкретна причина за посета на Ван – тајниот подводен дворец.

Во суштина, езерото Ван во Турција е истото нешто што е и Лох Нес во Шкотска, и е едно од најголемите езера во светот чија вода не истекува.

Студијата на истражувачите од Универзитетот Yüzüncü Yıl покажала дека изгубениот град, пронајден на дното на езерото Ван во Турција е стар 3, 000 години.

Според она што е видливо, се смета дека ѕидовите на тврдината се високи од 3 до 4 метри. Водачот на тимот Тасим Џејлан истакнува дека многу цивилизации и народи се населувале околу езерото Ван, кое во тој период се сметало за горно море и се верувало дека крие многу мистерии.

Поради високиот процент на сол кој го содржи во себе, ова езеро не замрзнува во зима ни на најниски температури.

Исто така во Ван живее само еден вид риба и еден вид “специјална” мачка, наречена Ван мачка која знае да плива, има бело крзно и најчесто различни очи.

Ова не е прво откритие за ова езеро. На почетокот на годината беа пронајдени делови од руски брод, за кој се смета дека потекнува од 1948 година.

Дискусија

Коментари