Пронајден изгубениот гроб на египетската кралица Нефертити?

Според едно ново истражување, гробницата можеби е скриена веднаш зад гробницата на Тутанкамон во Долината на кралевите.

Британскиот археолог д-р Николас Ривс, водачот на истражувањето, ги проучувал скеновите од ѕидовите на гробницата на Тутанкамон и вели дека има две скриени точки, односно врати позади насликан гипс. Едната врата води кон просторија каде што се складирани разни работи, а втората е продолжение на гробницата кое докторот смета дека води кон гробот на Нефертити.

Ако е во право, тогаш ова е потенцијално најголемото археолошко откритие досега и не чека просторија со богатства повеличенствени и од самиот гроб на Тутанкамон. Невообичаената големина и форма на гробницата на Тутанкамон ги збунуваа археолозите уште од нејзиното откривање во 1922 година, бидејќи е премногу мала и повеќе наликува на претсобје отколку на гробница достојна за крал. Меѓутоа, не се сите експерти убедени дека гробницата на Тутанкамон навистина крие уште една гробница, но како и да е повеќето се согласуваат дека сега е потребно детално истражување на гробницата.

За заинтересираните, скеновите на ѕидовите на гробницата се дотапни на следниов линк.

 

Поддржете ја нашата работа: