Пронајдена мапа на целиот интернет во 1973 година

Пронајдена е мапа од целиот интернет како што бил во мај 1973 година меѓу еден куп на стари документи во Карнеги Мелон, Факултетот за компјутерски науки во Питсбург.

Во тоа време „World Wide Web“ бил познат како „ARPANET“ и се состоел од само 42 комјутери поврзани со 36 јазли распространети низ САД. Само по неколку месеци од кога била создадена оваа мапа, интернетот станал меѓународен, со сателитска врска која им овозможувала пристап до „ARPANET“ на корисниците од Норвешка и Лондон.

Дејвид Њубери, развивач на иницијативата за„Art Tracks“ во Музејот за уметност во Карнеги, Питсбург, ја пронашол мапата во еден куп на стари документи што ги добил од својот татко, кој работел во Карнеги Мелон од 70-тите години.

Иако не е јасно каде точно првично била објавена мапата, Њубери вели дека татко му ја зачувал кога бил бизнис менаџер на Школата за компјутерски науки, а поновата верзија може да се види во еден извештај на истражувачкиот центар на НАСА во 1974 година.

Како што може да видите во целосната верзија подолу, сите главни играчи од тоа време биле вклучени, како што се Универзитетот Харвард, Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес и Универзитетот Стенфорд:

Секој од квадратите на сликата ги претставува јазлите, или основните рутери, кои во 1970-тите биле додадени на „ARPANET“ по стапка од еден месечно. Круговите го претставуваат секој од домаќините.

Грмотевицата помеѓу Хаваи и НАСА значи дека тие биле поврзани преку сателит.

Основан во 1960 г. „ARPANET“ никогаш не бил наменет за да има распространет и отворен пристап, како што е денеска.

Тој е прозвод на една мала и прилично таинствена дејност раководена од неколку универзитети, владини објекти и приватни технолошки компании во САД, кои првично го користеле за да испратат податоци преку „FTP“ мрежи.

До 1971 г, корисниците биле во можност да пренесуваат податоци со бирање на мрежа преку индивидуален компјутерски терминал.

Вака изгледала мапата до септември 1973 г:

map-internet-september

Преведена географски:

geographic-internet-1973

Тим Бернерс-Ли, научник во истражувачкиот објект „CERN“ во Швајцарија за прв пат ја пуштил првата веб-страна во светот поставена од „World Wide Web“ на 20-ти декември 1990.

Објавата на Њубури придонесе да се појават и други стари интернет мапи кои се чини дека се’ во уште порана фаза на развој.

View image on Twitter

Ова е се што имало во 1969 година:

View image on Twitter

За повеќе мапи од древниот интернет посетете ги „Vox’s amazing history lesson“ или „Atlas of Cyberspaces“.

Поддржете ја нашата работа: