Пронајдена тајна просторија во Големата пирамида во Гиза?

СПОДЕЛИ

Меѓународен тим од археолози веруваат дека се на прагот на лоцирање на тајна просторија во 4.500 години старата Голема пирамида во Гиза, благодарение на најсовремена ласерска технологија – пишува „Newsweek”.

Меџи Тајуби, претседател на Институтот за иновации и заштита на културното наследство, кој го предводи проектот за скенирање на пирамидата заедно со Технолошкиот факултет на Универзитетот во Каиро, изјавил дека преку мапирање на субатомски честички со инфрацрвена термографија, тимот потврдил дека постои празнина во конструкцијата, а сега археолозите треба да ја одредат нејзината точна локација.

„Сите уреди што ги поставивме се дизајнирани да откриваат  празнини. Знаеме дека постои празнина но се обидуваме да дознаеме каде е“ – изјавил тој.

Во октомври 2016 година, тимот објави откривање на претходно неоткриена празнина висока 105 метри во североисточниот дел на пирамидата. Големината на празнината одговарала на веќе откриени простории во пирамидата.

Меѓутоа, други археолози кои соработуваат на проектот се попретпазливи во предвидувањата. Поранешниот египетски министер за антиквитети Захи Хавас, досегашните откритија ги окарактеризирал како „аномалии“ или „мали празнини” меѓу камењата кои ја сочинуваат пирамидата.

Големата пирамида (Кеопсовата пирамида), позната и како Пирамидата на Куфу – наречена по четртиот фараон на египетската династија, била изградена помеѓу 2580-2560  година п.н.е. Оваа туристичка атракција во минатото често била мета на авантуристи – истражувачи кои во потрага по скриеното богатство на фараонот користеле инвазивни методи.

Во Во 820 година, калифот Ал-Мамун почнал да копа тунели во ѕидовите на оваа огромна структура. Британскиот и италијанскиот египтолог од 19 век, Ричард Висе и Џовани Батиста Кавилија, направиле дупки во пирамидата со помош на динамит.

Се верува дека успехот на новата технологија што се користи во Гиза ќе доведе до понатамошни откритија. Британскиот египтолог Николас Ривс верува дека остатоците од Нефертити, египетската кралица од 14-тиот век п.н.е, се сокриени во тајна одаја во гробницата на Тутанкамон.Тим од Политехничкиот Универзитет во Торино ќе користи методи кои се користат за медицински скенирања, за повторно истражување на локациите во Долината на кралевите.

Дискусија

Коментари