Протоните и антипротоните навистина се идентични

Трудот, објавен во „Nature“, беше спроведен со помош на децелераторот за антипротони на ЦЕРН, уред кој обезбедува ниско-енергетски aнтипротони за истражување на антиматеријата.

Тестирана е константноста на КПТ. Тоа значи дека системот останува непроменет ако три основни карактеристики се обратни – С (полнеж), според кој се разликува материјата од антиматеријата, П (паритет), што значи вртење за 180 степени во простор и Т (време). Тоа е централно начело на стандардниот модел и имплицира дека честичките на антиматеријата мора да бидат совршено огледало на материјата, само со обратен полнеж.

„Ова е важно прашање”, вели Стефан Улмер, кој го предводеше истражувањето, „бидејќи тоа ни помага да разбереме зошто живееме во вселена која практично нема антиматерија и покрај фактот дека Биг Бенг моралo да доведе до нејзино создавање. Докoлку најдевме несовпаѓања во КПТ, тоа би значело дека материјата и антиматеријата може да имаат различни својства, на пример дека aнтипротоните се распаѓаат побрзо од протоните. Но, заклучивме дека размерите полнеж- маса се идентични.

Ова мерење има четири пати поголема резолуција на енергија од претходните мерења на паровите протон- антипротон. Се планираат мерења кои се најмалку десет или сто пати попрецизни од сегашниот стандард.

Трудот, исто така, има импликации за она што е познато како принцип на слаба еквивалентност – идеја дека сите честички ќе бидат погодени од гравитација, на ист начин, без оглед на нивната маса и полнеж. Тимот ги искористил своите наоди за да пресмета дали антиматеријата и материјата се однесуваат на ист начин во однос на гравитацијата.

Постојат многу причини да се верува во физика надвор од стандардниот модел, вклучувајќи ја тајната на темната материја и се разбира, нерамнотежата помеѓу материјата и антиматеријата. Овие високо прецизни мерења нудат важни нови ограничувања и ќе помогнат во одредување на насоката на идните истражувања.

Поддржете ја нашата работа: