Првата флуоресцентна жаба на светот

Научниците од Музејот за природни науки Bernardino Rivadavia, проучувајќи го пигментот на краставите жаби, соосема случајно ја откриле првата флуоресцентна жаба на светот.

Оваа жаба за прв пат е забележана во Зимбабве пред 55 години, но никогаш од толку блиску. Под нормална светлина, жабата е прошарана со зелена и кафеава боја со црвени точки, но под УВ зраци жабата свети со флуоресцентна зелена боја. Оваа појава исклучително редок феномен за животните кои живеат на копно.

Истражувачите кои вчера го објавија своето откритие потврдиле дека интензитетот на светлината зависи колку ќе свети жабата.

“Оваа појава е значително различна од онаа кај другите флуорофори. Нашето откритие им отвара можност на другите водоземци да бидат флуоресцентни, а посебо оние со тенка кожа како што се жабите”, вели Марија Габриела Лагорио, хемичар од Универзитетот во Буенос Аирес.

Во разговорот за списанието Nature, научниците кои ја откриле флуоресцентната жаба изразија надеж дека ова откритие ќе ги инспирира другите да продолжат да го истражуваат овој феномен. Нивен совет е наредните истражувачи да не тргнуваат без УВ светилки.

Поддржете ја нашата работа: