Првиот час од животот

Еве некои клучни настани во текот на првиот час и 10 минути од животот на новороденчето.

Минута 0: Бебињата плачат јако, интензивно. Тоа им помага да ги разбудат белите дробови.

Минута 2: По сето тоа плачење, бебињата поминуваат помалку од една минута одмор, држејќи се на градите на мајката. Авторите шпекулираат дека таа тивка пауза можеби еволутивно се развила за да ги скрие бебињата од предаторите.

Минута 2,5: Ги отвораат очите за прв пат. Бебињата постепено почнуваат да ги движат главите и устите.

Минута 8: Бебињата стануваат повеќе активни,  држејќи ги очите отворени за пет минути или подолго. Во текот на оваа активната фаза, новороденчињата се чини дека се заинтересирани за јадење, гледаат  во лицето и градите на мајката, испуштаат слатки мали „гладни” звуци и ги движат рацете кон устата.

Минута 18: Тоа беше исцрпувачки. Време за уште еден одмор.

Минута 36: Ги „бараат“ градите на мајката, потпирајќи се на чувството за мирис и навигација.

Минута 62: Бебињата добиваат мали количини на колострум, материја пред млекото која е преполна со протеини и имунолошки молекули. Ова исто така ги стимулира градите за производство на млеко и и помага на матката да се врати во нормална големина.

Минута 70: ​​Бебињата заспиваат за заслужено добро да се одморат.

Ова се првите активности на новодојдените човечиња. Секако, минутите не се фиксни и варираат од новороденче до новороденче.

Сепак, ваквите квантитативни анализи се значајни, најнапред за разбирање на доењето и изнаоѓање на подобри начини за негово поттикнување.

Друго истражување покажало дека во првиот час на раѓање, бебињата кои со брадата ќе ја допрат долната страна од градите на мајката се со поголема веројатност успешно да цицаат, од бебиња кои не направиле ваков контакт.

Внимателното набљудување на раѓањето, ни помага да добиеме поцелосна слика за базичните потреби на новороденчето и доведува до создавање на корисни и олеснителни совети за добредојде.

Поддржете ја нашата работа: