Ракетно гориво од отпад

Досега, отпадот се собирал за да се согори при враќањето назад. Како и многу други работи развиени за вселенската програма, процесот би можел да се употреби и на Земјата, изјави  Пратап Пуламанапалил, вонреден професор по земјоделски и биолошки инженеринг на Универзитетот во Флорида.

Во 2006 година, НАСА почна да прави планови за изградба на објект на површината на Месечината во периодот помеѓу 2019 и 2024 година. Како дел од целта на базата на НАСА на месечината, агенцијата сакала да ја намали тежината на леталото, погодна за Земјата. Отпадот што се создава за време на летот не би се искористил повторно. НАСА го чува во контејнери се додека не се натоварат во вселенски товарни возила кои горат откако ќе поминат назад низ атмосферата на Земјата. За иднината на долгорочните мисии, сепак, би било непрактично да се донесе складираниот отпад назад на Земјата.

Истоварањето на отпадот на површината на Месечината не е опција, па вселенската агенција склучила договор со Универзитетот во Флорида за идеи. Пуламанапалил и тогашниот студент Абишек Добле, го прифатиле предизвикот.

„Се трудевме да дознаеме  колку метан може да се произведе од остатоците од храна и отпадот од луѓето“, велат истражувачите.

„Метанот може да се користи како гориво за ракетите. Идејата беше да се провери  дали може да се направи доволно гориво за ракетите за да не се носи гориво од Земјата за враќањето назад. Доволно метан може да се произведе на патот назад од Месечината“.

НАСА започна на научниците од Универзитетот да им доставува запакуван хемиски произведен човечки отпад, кој вклучува и симулирани отпадоци од храна и материјали за пакување. Тие направиле лабораториски тестови за да откријат колку метан може да се произведе од отпадот и со која брзина.

Откриле дека процесот би можел да произведе 290 литри метан од екипажот на ден, во период од една недела. Овие резултати доведоа до создавање на еден процес кој користи анаеробна ферментација. Тој процес ги убива патогените од човечкиот измет и произведува биогас – мешавина од метан и јаглерод  диоксид. На Земјата, тоа гориво би можело да се користи за греење, електрична енергија или транспорт.

Процесот исто така, би произведувал околу 200 литри вода годишно од целокупниот отпад. Преку електролиза, водата, тогаш може да се подели на водород и кислород, водородот не би се користел директно како ракетно гориво него би се складирал за подоцна бидејќи  прво астронаутите би го користеле кислородот како дополнителен извор а  издишаниот јаглерод диоксид и водородот би се конвертирале во метан и вода.

Истражувањето беше објавено минатиот месец во “Advances in Space Research”.



Поддржете ја нашата работа: