Расипани атомските часовници во навигациониот систем Галилео

СПОДЕЛИ

Сателитскиот навигационен систем Галилео претставува европски одговор на широко прифатениот американски систем ГПС.

Поради ваквите ситуации, секој Галилео сателит има четири атомски часовници. За негово непречно функционирање, барем еден од четири атомски часовници мора да биде точен во целост.

Директорот на Европската вселенска агенција, Јан Вернер, вели дека во моментов е пријавен дефект на 9 од 72 часовника.

Благодарение на големиот број атомски часовници, ниту еден сателит во соѕвездието досега, не бил нефункционален, додава тој.

ЕСА пак, се’ уште не се сигурни дали поради овој проблем ќе биде одложено лансирањето на престојните сателити.

Системот Галилео започна со работа на 15 декември 2016 година.

Се работи за сателитски систем во кој се дефинираат податоци за состојбата на приемникот на сателитски сигнали на површината на Земјата со методата на геометриска трилатерација.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ