Реакцијата на момче кое за прв пат гледа во боја

Итан е младо момче кое има слепило за бои, односно не може да гледа во боја. Неговиот пријател му подарил наочари кои се наречени „EnChroma“ и се дизајнирани за да им помогнат токму на оние кои страдаат од ова слепило. Погледнете ја неговата реакција.


Да појасниме, не се работи слепило како губење на видот, туку неможност да се распознаваат некои или сите бои, или да се гледаат поинаку. Оваа состојба се нарекува далтонизам, по хемичарот Џон Далтон кој ја открил и дефинирал, но тој термин сега се користи само за нераспознавањето на црвената и зелената боја.

Во основа, нашата ретина се состои од стапчести клетки кои ја детектираат светлината и конусовидни клетки кои ја детектираат бојата. Кога некој со добар вид ќе здогледа некој предмет, различните бранови должини на светлината доаѓаат до ретината и се апсорбираат од страна на одредени фотопигменти од конусовидните клетки. Постојат 3 вида на конусовидни клетки, секоја определена за да апсорбира црвена, зелена или сина бранова должина од светлината. Притоа, фотопигментите се подложени на одредена хемиска трансформација која предизвикува нервен импулс, кој преку оптичкиот нерв се пренесува до мозокот. Тоа ни овозможува да гледаме во боја.

Луѓето кои имаат ваков вид на слепило имаат нерамномерни или преклопени фотопигменти во конусовидните клетки. На пример, оние кои треба да детектираат црвено може да апсорбираат премногу зелено, или обратно. Тоа значи дека не може да разликуваат одредени бои, или ги гледаат поинаку. Наочарите „EnChroma“ го поправаат овој проблем со помош на леќи дизајнирани за повторно да ги филтрираат брановите должини на светлината и да се апсорбираат нормално. Всушност, како однапред да ја искривуваат светлината за луѓето со ваков вид на слепило да гледаат нормално.

Дознајте повеќе за тоа како гледаме во боја од следново видео

Поддржете ја нашата работа: