Решавањето крстозбори може да го подмлади мозокот за 10 години

Многу луѓе уживаат додека решаваат крстозбори, бидејќи на таков начин можат да го избегнат стресот, и во исто време да научат нешто ново. Оваа нова студија е спроведена на Универзитетот во Ексетер и Кралскиот колеџ, а во неа се вели дека решавањето на крстозбори е добро за мозокот бидејќи може да го подмлади за 10 години.

Во студијата биле вклучени 17 000 лица со над 50 годишна возраст, кои одговарале на прашањето колку често решаваат крстозбори. Со помош на когнитивни тестови, научниците правеле проценка на функцијата на мозокот и дошле до сознание дека оние кои редовно се занимавале со крстозбори имале подобра меморија, концентрација и расудување.

Професорот Кит Виснес вели дека во истражувањето е пронајдена врската помеѓу зачестеното решавање на кстозбори, брзината и точноста во девет когнитивни тестови во кои научниците ја проверувале меморијата, расудувањето и концентрацијата. Резултатите биле подобри кај лицата кои често решавале крстозбори и покажувале дека нивниот мозок е помлад за околу 10 години од нивната вистинска возраст.

“Ние се уште не можеме да потврдиме дека со решавање на крстозбори ќе станеме попаметни, и сега треба да процениме дали навистина редовното решавање на крстозбори ни ја подобрува функцијата на мозокот.” вели проф. Клајв Балард од Универзитетот во Ексетер.

Други истражувачи пак, како што е Д-р. Даг Браун од Alzheimer’s Society, смета дека ова истражување ја покажува врската помеѓу решавањето крстозбори и меморијата, но не може дефинитивно да потврди дека ја подобрува мозочната функција. Движењето, здравата исхрана и избегнувањето на цигари сеуште се главни совети за намалување на ризикот од деменција.

Научниците се надеваат дека ќе пронајдат едноставни активности кои ќе се вклопат во секојдневниот живот и ќе им помогнат на луѓето за да го одржат нивното ментално здравје.

Поддржете ја нашата работа: