Решени 5-те најголеми проблеми на денешната физика?

Една нова теорија тврди дека ги решила петте најголеми проблемите во физиката и тоа сите оддеднаш.

Оваа теорија е развиена од група на француски физичари на Универзитетот во Париз „Saclay“ и воведува неколку нови честички, во обид да обедини повеќе различни теории за решавање на пет од најголемите проблеми во физиката: темната материја, космичката инфлација, силниот проблем на паритет и полнеж (CP problem), осцилациите на неутриното и бариогенезата. Сите овие проблеми во нашиот сегашен модел на физиката се поврзани на некој начин со мистериите на квантната механика.

Теоријата, наречена „SMASH“ го проширува стандардниот модел на физиката. Стандардниот модел е каталог на секој вид на честички за кои знаат физичарите. Тука се вклучуваат кварковите (градежните брокови на протоните и неутроните), електроните и неутрините, и голем број на егзотични честички како Хигсовиот бозон. Севкупно, постојат седумнаесет видови на различни честички во стандардниот модел.

Меѓутоа, постојат некои проблеми во физиката кои стандардниот модел не може да ги реши. Еден од најголемите е постоењето на темната материја. Таа претставува мистериозна форма на материја која не можеме да ја видиме, но сочинува 83% од целата материја во Универзумот. Иако во суштина е невидлива, се нарекува и црна материја. Физичарите долго време се сомневале дека црната материја може да биде некоја од егзотичните честички од стандардниот модел, но досега ниту една од овие честички не претставува потенцијален кандидат.

Други физичари предложиле дополнување на стандардниот модел, со додавање на повеќе хипотетички честички, но повеќето од тие промени на моделот ќе воведат стотици нови честички што не може да ги откриеме. Новата теорија „SMASH“, од друга страна, додава само шест нови.

Овие шест нови теоретски честички се три различни видови на неутрино, плус фермион и уште две други наречени аксион и инфлатон. Аксионот е потенцијалниот кандидат за темната материја. Другите честички решаваат многу други актуелни проблеми во физиката, како што е необичното однесување на неутриното, космичката инфлација и потеклото на целата материја во Универзумот.

Добриот дел е тоа што оваа нова теорија може да се тестира релативно брзо. Дел од оваа теорија може да се тестира со новата генерација на акцелератори на честички и телескопи, кои треба да се појават на интернет во наредните неколку години, и можно е да го откријат постоењето на овие нови теоретски честички.

Тоа значи дека можеби нема да чекаме долго за големиот број на мистерии на универзумот да станат помалку мистериозни.

Поддржете ја нашата работа: