Реставрација на катакомбите на Домитила – пронајдени 1600 години стари фрески

Експертите успешно ги реставрирале катакомбите на Домитила во близина на Рим. Во самиот процес на реставрација, користеле ласерска технологија и скенери.

Катакомбите се долги 12 км и имаат четири нивоа. Во нив се наоѓаат 26 250 гробници кои датираат од вториот до петтиот век.

Таваните на гробниците се украсени со фрески. На нив се прикажани слики од Стариот и Новиот завет, како на пример Ное со неговата арка и Исус кој дава риба и леб на илјадници луѓе. На сликите исто така се појавуваат и пауни кои биле пагански симболи за задгробниот живот.

На средината е прикажан Исус Христос со двајца мажи, за кои се претпоставува дека ги претставуваат Св. Петар и Павле. Криптата е изградена од страна на трговците кои се занимавале со трговија на жито. Фреските прикажуваат како житото се превезувало со бродови до античките Римски пристаништа.

Фреските со векови биле прекриени со дебел слој на алги, бигор, нечистотија и чад од газиените лампи. За да го исчистат слојот на нечистотија, научниците користеле технологија која не ги оштетува сликите.

Во оваа област се наоѓа мал музеј со статуи, саркофази и други делови од артефакти од гробницата.

Првиот дел од катакомбите е реставриран без ласер и најверојатно настанал во третиот век. Во него се наоѓаат најголем дел на пагански симболи. По должината на овој дел се наоѓаат слики од винова лоза, а помалите гробници, кои претежно припаѓаат на деца се украсени со анѓели. Многу фрески се оштетени бидејќи катакомбите биле ограбени во средниот век. Вториот дел се нарекува “пекарска просторија”, а во него можат да се видат слики од Исус Христос и апостолите, како и слики од животот на пекарите.

Катакомбите и фреските се многу важни, бидејќи ја прикажуваат приказната за Рим, ја нагласуваат важноста на лебот и паганската симболика и го покажуваат патот на Римјаните кон новата вера.


Поддржете ја нашата работа: