Револуционерен уред кој лечи со еден допир

СПОДЕЛИ

Еден нов уред развиен од истражувачите од Универзитетот во Охајо, САД, може да почне да ги лечи органите во дел од секунда.

Оааа технологија наречена нанотрансфекција на ткива (Tissue Nanotransfection (TNT)), која е развивана четири години, има потенцијал да спасува човечки животи, жртви на сообраќајни несреќи, како и војници на бојно поле.

Се работи за силиконски чип со големина на метална паричка кој внесува генетски код во клетките од кожата и ги претвора во друг тип на клетки, кои се потребни да се излечи болната состојба.

Во текот на лабораториските тестирања, со еден допир од „TNT“ била постигната целосна репарација на повредена нога на глушец за три недели, преку претворање на клетките од кожата во васкуларни клетки.

Директорот на Центарот за регенеративна медицина Чандан Сен, вели дека „TNT“ не функционира само на клетките од кожа, туку може да го обнови било кој тип на ткиво. На пример, со оваа технологија била обновена функцијата на мозокот кај глушец кој претрпел мозочен удар.

Ова е револуционерна технологија, бидејќи за прв пат е постигнато репрограмирање на клетки во живо тело. Постоечките методи за клеточна терапија се високо ризични и се одвиваат во бројни етапи.

На третманите со „TNT“ нема познати несакани ефекти, а лекувањето трае помалку од секунда. За оваа технологија не е потребна болница или лабораторија и практично може да се применува  на терен. Тежи помалку од 100 грама и има долг рок на траење, вели Сен.

Иако „TNT“ чека одобрение од Амриканската агенција за храна и лекови, Сен очекува технологијата да биде тестирана на луѓе веќе идната година.

„Ние предлагаме да се користи кожата како поле каде практично ќе може да се одгледа било која потребна клетка“- вели Сен.

Резултатите од истражувањето се објавени во „Nature Nanotechnology“

Дискусија

Коментари