Рубикова коцка, фиџет спинер и заменски фиџет телефон кој нема никаква цел. Или можеби има?

СПОДЕЛИ

Пристигна уште еден новитет за сите зависници од постојаното чепкање по мобилните телефони. Станува збор за фиџет телефонот, односно заменски мобилен кој всушност е пластичен правоаголник со ротирачки топчиња во средината.

Топчињата се од камен и се наменети за играње со прсти, слично на начинот на кој скроламе по мобилните телефони. Тоа е потег кој сигурно го правиме околу стотина пати дневно. Уредот има тежина колку нормален мобилен телефон, па така додека го држите во рака имате чувство како да држите мобилен телефон.

За дизајнот е заслужен австрискиот дизајнер Клеменс Шилингер, а новитетот е објавен на неговата веб страна.

Шилингер направил неколку различни фиџет телефони, односно ист заменски телефон со различна поставеност на топчињата.

Нивната положба одговара на движењата кои ги правиме додека користиме паметен телефон, што значи освен терапевтска, уредот нема никаква друга функција.

Останува да ни кажете: Колку пари би потрошиле за да станете негов сопственик?

 

Дискусија

Коментари