Сѐ уште не знаеме како, но оваа батерија работи веќе 177 години

СПОДЕЛИ

За да откријат од што точно е составена батеријата која работи толку долги години, научниците ќе мораат да почекаат таа да се испразни, па дури тогаш ќе ја отворат.

Денес сме среќни ако батеријата на нашите мобилни телефони издржи цел ден со едно полнење, а на Оксфорд постоиелектрично ѕвоно кое ѕвони најмалку 177 години. Се напојува со батерија која е поставена во 1840та година, но научниците не знаат точно како издржала толку долго, а отворањето на стакленото ѕвоно може да го уништи овој експеримент.

Ѕвоното е функционално без прекин, додека на неколку краткотрајни прекини влијаело високото ниво на влага.

Ова електрично ѕвоно е составено од две батерии, изолирани со сулфур кои на долната страна се споени на месинг. Помеѓу нив се наоѓа метална топка со дијаметар од 4мм. која го привлекува ѕвоното и така го пренесува напонот од едно на друго. Се проценува дека ѕвоното така одѕвонувало повеќе од 10 милијарди пати.

Џузепе Замбони е изумителот, кој е заслужен за развојот на ваквата батерија која се уште се нарекува Замбониев столб, а станува збор за сув галвански елемент кој е претходник на денешните батерии. Таквиот елемент има голем број тенки плочи од сребро, цинк, сулфур, хартија и други материјали за генерирање на слабата струја.

Проблемот е во тоа што научниците не знаат од што точно се состои батеријата која се наоѓа во ова електрично ѕвоно. Иако денес се смета за експеримент, ѕвоното го составиле лондонските производители на инструменти Ваткин и Хил, за што сведочи пораката која се наоѓа залепена на него. Еднаш е купено од страна на физичарот Роберт Вокер кој го оставил да ѕвони. Некои документи сугерираат дека ѕвоното можеби е составено и 15 години порано.

Можеби си замислувате дека на некој би му здосадило да слуша константно ѕвонење, но всушност преостанатиот напон е толку низок што ѕвонењето денес е едвај чујно, но нишалото сепак продолжува да осцилира. Се споменува дека секое осцилирање помеѓу ѕвоната, црпи по еден наноампер. Се наметнува прашањето: Дали е возможно да се потроши нишалото пред ѕвоното да остане без енергија?

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ