Сателит на НАСА забележал пораст на емисијата на јаглерод диоксид

СПОДЕЛИ

Податоците на НАСА добиени од пет сателитски истражувања, објавени во списанието Science, покажуваат пораст на емисијата на јаглерод диоксид ширум светот, поврзани со годишното време и зголемување од 2015та година во тропскиот појас благодарение на природниот феномен Ел Нињо.

Задачата на сателитот е да проучи како јаглерод диоксидот, водечкиот гас кој го предизвикува ефектот на стаклената градина, и се создава со согорување на фосилните горива, се движи по Земјата и влијанието на вегетацијата врз емисијата и задржувањето на јаглерод диоксидот.

„Податоците покажуваат промени во циклусот на јаглеродите во северната хемисфера, зависно од промената на годишното време. Во пролет настанува драматично зголемување на емисијата на јаглеродот благодарение на растенијата.

Во зимата, вегетацијата минимално произведува јалглерод диоксид, но гнилите растенијата ослободуваат јаглерод диоксид со порастот на температурите и ги поттикнуваат емисиите создадени со согорување на фосилните горива над Кина, Европа и југоистокот на САД“.

Тоа доведува до сезонското зголемување на јаглеродот во април на северната полутопка.

Потоа, откако пролетта ќе замине и ќе се приближи летото растенијата започнуваат да го впиваат јаглерод диоксидот.

Една друга студија пак, открива дека феноменот на загревање на океанот, познат како топлиот екваторски Ел Нињо, резултирал со многу повеќе ослободени јаглероди во тропскиот појас отколку претходните години.

Ел Нињо е појава која предизвикува флуктуирање на површината на морето и притисокот над Тихиот Океан и може да трае повеќе години.

“Ел Нињо во текот на 2015та и почетокот од 2016та година резултираше со ослободување на 2,5 гигатони јаглерод диоксид, повеќе во атмосферата во 2015 отколку во 2011та година”, се наведува во извештајот.

 „Намалените врнежи во јужна Америка и зголемувањето на температурите во Африка, се клучните поттикнувачи на овие промени. Се очекува дека оваа појава подоцна ќе се влоши поради глобалното затополување во тропските краишта”.

Во 2015 и 2016 година сателитот OCO-2 регистрирал 50% зголемување на атмосферскиот CO2 во споредба со просеците забележани во текот на минатите години.

Во тропска Азија зголеменото ослободување на јаглерод диоксид главно настанува поради согорување на биомасите.

Дискусија

Коментари