Седум хранливи продукти за подобро здравје на мозокот

Food for thought

Иако генетиката и физичката активнот имаат главна улога кога се работи за здравјето на мозокот и ризикот од  развој на деменција, исто така огромно влијание таа има и исхраната. Секако не постои волшебен еликсир што целосно ќе ја спречи деменцијата или Алцхајмеровата болест, но сепак научниците успеале да издвојат одредени намирници кои можат да ги подобрат когнитивните функции или меморијата. Затоа, исхраната богата со овие намирници ќе придонесе да го зачувате здравјето на мозокот.

 

КАКАО ФЛАВАНОЛИ

Овие флаваноли пиродно ги има во какаото и се многу корисни за здравјето на мозокот. Во 2014 година е направено истражување за да се види како ќе влијае конзумирањето на високо ниво на какао флаваноли во период од три месеци. Истражувачите главно се фокусирале на функцијата на дел од хипокампусот наречен „gyrus dentate“(ГД). Научниците веруваат дека намалувањето на неговата функција е поврзано со стареењето и со губењето на меморијата. Истражувањето покажало дека после конзумирањето на високи количини на какао флаваноли учесниците имале „подобрена функција на ГД“.

ОМЕГА –3 МАСНИ КИСЕЛИНИ

Рибите богати со омега-3 масни киселини – како што се лососот, скушата и туната, не се добри само за срцето, туку ги поттикнуваат и мозчните способности. Едно истражување од 2014 година, направено на глувци на кои им биле давани суплементи од омега-3 масни киселини покажало подобрување на когнитивните функции кај глувците – преку подобрена меморија за препознавање на објекти и подобрена просторна ориентација.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Како рибите, така и јаткастите плодови се богати со омега-3 масни киселини. Докажано е дека особено оревите се корисни во борбата против губењето на меморијата. Во една неодамнешна анализа од големи размери, истржувачите откриле дека исхраната богата со ореви – кои содржат мега-3 масни киселини, витамин Е, фолати, антиоксиданти и мелатонин, ги подобрува когнитивните способности кај возрасните, што се покажало преку  серија од шест когнитивни тестови.

МАГНЕЗИУМ

Научниците веруваат дека недостатокот на магнезиум игра голема улога во намалувањето на когнитивните способности, стареењето на мозокот и деменцијата. Затоа, земањето на  суплементи со магнезиум, или храна богата со магнезиум – како блитва, спанаќ, семки од тиква , бадеми, црн грав, авокадо, смокви, црно чоколадо или банани,  може да помогне да се победат ефектите од стареењето на мозокот.

БОРОВИНКИ

Покрај тоа што се многу вкусни, боровинките исто така ја подобруваат и меморијата. Едно истражување од 2010 година покажало дека боровинките имаат антиоксиданти и антивоспалителни ефекти. Боровинките се исто така богати и со антоцијани – состојки кои се поврзуваат со поголема активност на областите во мозокот поврзани со меморијата. Истражувањето покажало дека учесниците кои секојдневно пиеле сок од диви боровинки имале подобрување на меморијата, како и намалување на нивото на гликоза во крвта и намалување на симптомите на депресијата.

ЛИСНАТ ЗЕЛЕНЧУК

Според Националниот институт за стареење на САД, конзумирањето на големи количини овошје, зеленчук и цели зрна, може да помогне да се избегне когнитивниот пад, како и други хронични заболувања меѓу кои и срцевите болести и дијабет тип 2. Како особено корисен се издвојува зелениот лиснат зеленчук (како брокулата и спанаќот). Исто така, истражувањата покажале дека медитеранскиот начин на исхрана – каде се конзумира големо количество на зеленчук, овошје, мешунки, житарки, риба, маслиново масло, умерено кололичество на алкохол, а малку заситени масти, млечни производи и месо е многу покорисна за здравјето, во споредба со „западната“ исхрана – која е богата со масти, јаглени хидрати и месо.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Зелениот чај е корисен за многу работи, но исто така може да ви помогне да го заштитите здравјето на мозокот. Едно истражување направено на Универзитетот во Базел, покажало дека екстрактот од зелен чај го подобрува мисловниот процес и работната меморија.

Поддржете ја нашата работа: