Сексуална дисфункција кај жените

Жените можат да страдаат од повеќе видови на сексуална дисфункција. Во сексуални дисфункции спаѓаат:

  • Намалена  сексуална желба
  • Намалена сексуална возбуда – кога постои сексулна желба, но жената има потешкотии  сексуално  да се возбуди или да ја задржи возбудата во текот на сексуалниот чин.
  • Проблеми да  доживее оргазам – жената може да има постојани или повремени проблеми да доживее оргазам и покрај тоа што постои доволна сексуална возбуда и постојана стимулација.
  • Болки за време на сексуалниот чин – диспареунија (dyspareunia) – кога жената чувствува болка за време на  сексуалната стимулација или вагиналниот контакт.

Сексуалниот одговор претставува комплексна интеракција на физиологијата, емоциите, искуствата, убедувањата, начинот на живот и врските. Нарушувањето на која било од овие компоненти може да влијае на сексуалниот нагон, возбудата или задоволството.

Неколку фактори кои допринесуваат за сексуалната дисфункција:

Физички фактори. Физичките состојби, како што се артритис, уринарни проблеми или проблеми со цревата, хируршки интервенции во пределот на карлицата, хроничен замор, сите состојби кои се поврзани со болка, невролошки пореметувања како мултипла склероза; потоа некои лекарства, меѓу кои и антидепресивите, лековите за покачен крвен притисок, антихистаминиците и хемотераписките лекови, можат да ја намалат сексуалната желба и способноста на телото да доживее оргазам.

Хoрмонални фактори. Намаленото ниво на естроген во менопаузата може да доведе до промени на ткивото во пределот на гениталиите. Кожните набори што ја покриваат гениталната регија (усните) стануваат потенки што доведува до поголема изложеност на клиторисот, што пак може да ја намали неговата осетливост. Вагиналната слузница исто така стaнува потенка и помалку еластична, особено ако жената не е сексуално активна, што бара поголема стимулација и лубрикација пред сексуалниот чин. Овие состојби можат да доведат до болки за време на сексуалниот однос.

Промени во хормоните можат да настанат и после породување на жената и во текот на доењето, што исто така може да доведе до сувост на вагината и да влијае на желбата за секс кај жената.

Психолошки и социјални фактори. Нетретираните состојбите на анксиозност и депресија можат да допринесат за сексуалната дисфункција, бидејќи претставуваат долготраен стрес. Грижите околу забременувањето, како и она што го бара мајчинството, можат да имаат слични ефекти. Долготрајните конфликти со партнерот околу сексот и другите аспекти од врската, исто така, можат да ја намалат сексуалната реакција кај жената. Свој придонес имаат и  културолошките и религиозните прашања, како и проблемите околу изгледот на своето тело.

Емоционалната вознемиреност може да биде и причина и резултат на сексуалната дисфункција.

За среќа, сексуaлната дисфункција кај жените може успешно да се третира. Без разлика од каде почнува циклусот, треба да се посочат овие прашања во врскат , за третмaнот да биде успешен.

Поддржете ја нашата работа: