Сексуални факти за жените: Како да постигнете повеќе оргазми?

4688
СПОДЕЛИ

Во љубовта и сексот не е се’ фер, барем кога станува збор за оргазмите во спалната соба. И покрај тоа што на жените им треба повеќе време отколку на мажите за сексуално да се возбудат, тие имаат една посебна привилегија – повеќе оргазми. Мажите не можат да уживаат во повеќе оргазми зошто на нивните тела им треба „период на опоравување“ за да закрепнат од оргазмот, но жените ја поседуваат моќта да уживаат во двојни или уште повеќе оргазми, без ограничување.

Само една третина од жените доживуваат редовно оргазам за време на сексот, додека на друга третина им е потребна дополнителна стимулација. Нормално е да се има оргазам и на друг начин освен секс, како на пример предигра, а особено оралниот секс.

Во меѓувреме, студиите покажуваат дека на жените им е потребна само една или две минути, во просек, за да стигнат до својот втор климакс, исто така познат како двоен оргазам, според Кетрин Блеклеге, автор на „The Story of V: A Natural History of Female Sexuality“.

Најголемиот број на забележани женски оргазми се импресивни 134 пати за само 60 минути.

Повеќето оргазми не секогаш се јавуваат по ред, но со континуирана стимулација и возбуда, тие може да се случат и по втор и трет пат со малку напор.

Трикот е да не се пре-стимулира клиторисот, што е многу лесно да се направи бидејќи има повеќе од 8.000 чувствителни нервни завршетоци, двојно повеќе од нервните завршетоци на завршетокот на пенисот.

„Понекогаш на ерогената зона и треба одмор, бидејќи може да е премногу чувствителна на стимулација, но потоа повторно да ја зголеми возбудата“ – вели д-р Фран Волфиш, прихотерапефт во Беверли Хилс и автор на „The Self-Aware Parent“.

Претходните истражувања покажуваат дека само 15 проценти од жените всушност успеале да доживеат двоен оргазам. Сепак, постојат многу податоци за повеќекратните оргазми, што прави да е многу потешко за проучување.

Едно истражување објавено во „Archives of Sexual Behavior“ покажува дека од 800 жени, 26 проценти постигнале повеќекратен оргазам преку самостојна стимулација, а 25 проценти за време на сексуален однос.

womens-sexuality

Па, како може да се постигнат повеќе оргазми?

Волфиш предлага вежбање, со тоа што партнерот ќе ви помогне да го добиете првиот клиторичен оргазам со употреба на неговите раце, уста или вибратор, потоа да продолжи да ја стимулира вашата клиторична област на побавен начин околу 30 секунди, па да продолжи со нормална брзина за да го постигне второто ниво на возбудување. Оргазмот може да биде со различен интензитет, во зависност колку е силна контракцијата на карлицата и колку долго трае.

Жените кои не можат да доживеат оргазам треба да разговараат со својот доктор. Ова може да биде физичка или психичка последица и го вклучува недоволното стимулирање, грижата за сексуалниот перформанс, или проблеми со физичкото здравје, меѓу другите причини. Околу две третини од жените пријавуваат сексуални проблеми, со оргазмот како најголем проблем за оние во своите тинејџерски и 20–тите години.

Запомнете, за здравите жени повеќекратните оргазми може да станат дел од репертоарот во спалната соба.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ