Сензационално археолошко откритие во Каиро: Пронајдена осум метри висока статуа на Рамзес II

Египетски и Германски археолози пронашле античка, осум метарска статуа потопена во кал во подземните води во Каиро. Научниците велат дека веројатно тоа е познатиот фараон Рамзес II, кој владеел со Египет пред повеќе од 3000 години. Статуата е пронајдена во рушевините на храмот на Рамзес II. во античкиот град Илиопол, кој се наоѓа во источниот дел на денешно Каиро.

Египетското министерство за антиквитети го поздрави откритието како едно од најважните од било кога.

“Ме повикаа во вторникот да ми кажат дека го пронашле кралот, веројатно Рамзес II, изработен од кварцит. Ја
пронајдовме бистата на статуата и долниот дел од главата, а кога ја тргнавме главата пронајдовме круна и десното уво од тој дел”, вели министерот за антиквитети Калид ал-Анани.

Заедничката експедиција го пронашла горниот дел од варовничка статуа на фараонот Сети II, внук на Рамзес II. во природна големина.

Рамзес II, е исто така познат и како Рамзес Велики и бил најмоќниот фараон од антички Египет. Бил трет владетел на 19 диастија и водел неколку воени походи па го проширил царството од Сирија на северо-исток до Нубија на југ. Неговите наследници го викале големиот предок.

Поддржете ја нашата работа: